Бесими: Февруарската и мартовската плата работниците ќе ги добијат до 15 април
Министерот за финасии рече дека се реагира со амнадман на Законот за поддршка на платите за да се оозможи двете плати да се дадат одеднаш.
Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува Законот за поддршка на плати од петтиот пакет на економски мерки да се донесе брзо и парите да им бидат распределени на компаниите кои ќе аплицираат за мерката.
Бесими рече дека за побрза реализација на мерката, се реагира со амнадман двете плати да бидат дадени одеднаш.
– Законот е почнат да се носи и се надевам дека брзо ќе биде донесен. Предвидуваме и олеснување на мерката преку амандман со кој се утврдува на 15 април работниците да ги добијат двете плати – февруарската и мартовската. За да се намалат административните постпаки предвидено е со една апликација да се аплицира за за двете плати. УЈП е подготвена да ја реализира мерката – рече Бесими.