БЕШЕ ИСТАКНАТА НОВИНАРКА И УРЕДНИЧКА ВО „ВЕЧЕР“ Нè напушти Валентина Марјановиќ

Таа беше дел од весникот „Вечер“ од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.

813

По долго боледување, на 22 ноември во Скопје почина Валентина Марјановиќ, истакната новинарка весникот „Вечер“, каде го помина целиот работен век.

„Се бореше храбро до последен здив, беше пример за јака волја, силна верба и позитива, за борба и одлучност за живот и победа над подмолната болест. Но, за жал, последната битка не успеа да ја извојува. Нејзината посветеност и визионерски дух ќе останат трајна инспирација на сите нас“, велат колегите од „Вечер“.






Валентина Марјановиќ беше дел од весникот од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.

„Валентина беше почитувана како голем професионалец и уште поголем пријател. Ќе ни недостасува нејзината блага насмевка и секогаш добар збор, совет. Изгубивме посебен човек, блескава душа каква ретко се раѓа“, порачуваат од „Вечер“.

Поврзани содржини