Беса не се жали од изборниот резултат во Кичево и во Пласница

Тоа се гласови на искрени луѓе кои му веруваат на Движењето Беса и на оваа коалиција - изјави Исен Ајдари, преседателот на огранокот на Беса во Кичево.

397

Претседателството на огранокот на Движењето Беса во Кичево е задоволно од изборниот резултат што го постигнале во Кичево и Пласница.

– На овие избори се чувствуваме горди бидејќи како движење „Беса“ и како дел од коалицијата „Можеме“, успеавме да освоиме над 1200 гласа. Тоа се гласови на искрени луѓе кои му веруваат на Движењето Беса и на оваа коалиција – изјави Исен Ајдари, преседателот на огранокот на Беса во Кичево.






Тој додаде дека можеби потфрлиле во регионот на Зајас и Осломеј, но оти во моментот анализираат што е причината за таквиот резултат.

Поврзани содржини