БЕСА ГИ ИЗБРА КАНДИДАТИТЕ ЗА МИНИСТРИ ВО НОВАТА ВЛАДА Во игра се Фатмир Лимани, Бесар Дурмиши и Седат Сулејмани
Едногласно ги избравме кандидатите за државните функции во новата Влада, што Парламентот на РСМ ќе треба да ги избере, соопшти Движењето Беса.
„Фатмир Лимани ќе биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади. Бесар Дурмиши ќе биде кандидат за министер за економија. Седат Сулејмани ќе биде кандидат за заменик-министер за култура и туризам“.
Ова го соопшти денеска Движењето Беса, по одржаното Собрание на кое се разговарало за приоритетите и заложбите на партиските кадри за време на идната влада.
„Едногласно ги избравме кандидатите за државните функции во новата Влада, што Парламентот на РСМ ќе треба да ги избере. Собранието на Движењето БЕСА одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик министер за култура и туризам. Во текот на дискусијата, Собранието на Движењето БЕСА едногласно утврди дека без компромис партиските претставници во Собранието и во извршната власт ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма: Борбата против криминалот и корупцијата, реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и економски развој на државата“, се вели во партиското соопштение.