Беса бара средба со ВМРО-ДПМНЕ за распределба на медиумското претставување

И покрај фактот дека ДИК се обрати до Движењето Беса со известување да изготви план за медиумско претставување, повторно Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не го почитува законот и известувањето на ДИК, институција преку која се плаќа медиумскиот простор.

606

Како што сте информирани веќе неколку месеци Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) односно директорот на оваа агенција Зоран Трајчески со своите постапки се става во партиската служба на претходниот режим ВМРО-ДУИ, обидувајќи се во било која форма и начин да му наштети на Движењето БЕСА, рече на прес конференција Аријанит Хоџа, генерален секретар на Беса.

– И покрај фактот дека ДИК се обрати до Движењето Беса со известување да изготви план за медиумско претставување, повторно Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не го почитува законот и известувањето на ДИК, институција преку која се плаќа медиумскиот простор. Најновото упатство издадено од оваа агенција за поделба на времето на политичките партии, иако во описот се вели дека 6 минути им припаѓаат на двете најголеми опозициски партии, кои на последните избори за пратеници имаат освоено повеќе гласови, партиската агенција на ВМРО-ДМПНЕ им наредува на медиумите да ги распределат сите 6 минути на партијата што го избра Зоран Трајчески за директор – вели Хоџа.






Тој додаде дека се појавуваат две дилеми: Прво, која е втората опозициска партија од последните парламентарни избори  Трајчески? и второ, со неговите мерни параметри на толкувањето на законот можат да кажат дека ВМРО-ДПМНЕ не е опозициска партија затоа што во моментот е претставена во владата со министри и заменици министри.

– Агенцијата управувана од кадарот на ВМРО-ДПМНЕ изврши сериозни прекршувања со непочитување на законот и издавање наредби спротивно на Изборниот законик, затоа Движењето Беса поднесе кривична пријава против агенцијата и надлежните лица. За ова кршење на законот од агенцијата предводена од Трајчески, Движењето Беса официјално го извести целиот меѓународен фактор во земјава и побаравме да се следи работата на агенцијата и да не се толерираат остатоците од претходниот режим да создадат конфликтни ситуации, непотребни за земја што ќе започне преговори за членство во ЕУ.Вчера, се обративме со службено известување до ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара од нив денес да се сретнеме за да го споделиме просторот за медиуми во согласност со писмото што го добивме од ДИК. Во случај ВМРО-ДПМНЕ да не одговори на нашата покана за да се договориме, ќе ја известиме Државната изборна комисија и ќе бараме со одлука да го ограничи буџетот за медиуми за ВМРО-ДПМНЕ, а со одобрување на оваа одлука ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одговори на сите медиуми за нивната манипулација подготвена преку агенцијата предводена од Зоран Трајчески – рече Хоџа.

 

Поврзани содржини