Берлускони по победата на коронавирусот: Со задоволство си реков – повторно се извлече

Неговиот личен лекар, Алберто Зангрило, минатата недела изјави дека 83-годишниот медиумски тајкун развил пневмонија и се сметал за пациент со висок ризик поради неговата возраст и постоечката медицинска состојба, која вклучува проблеми со срцето.

266

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ја напушти болницата откако се опорави од коронавирусот, велејќи дека го преживеал „најопасниот предизвик“ во животот.

– Со задоволство си реков – повторно се извлече – им рече насмеаниот Берлускони на новинарите пред вратата на болницата „Сан Рафаел“во Милано, каде што беше примен на 3 септември откако му беше дијагностициран ковид-19.






Неговиот личен лекар, Алберто Зангрило, минатата недела изјави дека 83-годишниот медиумски тајкун развил пневмонија и се сметал за пациент со висок ризик поради неговата возраст и постоечката медицинска состојба, која вклучува проблеми со срцето.

Зангрило рече дека Берлускони ќе умрел ако се соочел со истите симптоми во март и април, но лекарите научија многу од првичната појава на коронавирусот и сега се подобро опремени за борба против болеста.

Се верува дека Берлускони се заразил додека бил на одмор во својата вила на Сардинија.

– Секој од нас е изложен на ризик да зарази други. Го повторувам мојот повик за максимална одговорност од сите – рече Берлускони.

Поврзани содржини