Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) има нова девојка, која е дури 53 години помлада од него. Тоа е русокосата Марта Фашини, негова колешка од партијата Форца Италија.
Двајцата беа снимени на прошетка, како се држат за раце, објави таблоидот „Чи“.
Берлускони има богат љубовен живот. Тој беше во брак 24 години со актерката Вероника Ларио (64), а 20 години со Карла Елвира Лусија Дал Оља.