БЕН АФЛЕК МУ ДАЛ НА 10-ГОДИШНИОТ СИН ДА ВОЗИ ЛАМБОРГИНИ Тој удрил во паркирано БМВ (ФОТО)

Афлек му дозволил на својот син од бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер да скокне на возачкото седиште во блескавиот автомобил.

526

Бен Афлек доживува летен блокбастер на кој навистина не се надевал, пишува „Пејџ сикс“, објавувајќи ја веста за сообраќајна несреќа што ја предизвикал 10-годишниот син на актерот, Семјуел.

Синот на Бен Афлек во неделата седна зад воланот на жолт теренец ламборгини и удри во скап спортски автомобил кога случајно тргнал наназад.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben’s Shirt (@bens_shirt)


Афлек и неговата свршеница Џенифер Лопез купувале луксузни автомобили во Лос Анџелес кога 10-годишниот Семјуел Гарнер Афлек седнал да се повози во скапиот автомобил.

Афлек му дозволил на својот син од бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер да скокне на возачкото седиште во блескавиот автомобил.

Автомобилот ламборгини урус, кој се изнајмува за 1.475 долари дневно, тргнал во рикверц и удрил во бело БМВ.

Семјуел Афлек потоа излегол од автомобилот и го погледнал оштетувањето на автомобилите. Бен Афлек исто така проверил дали има штета, а потоа го прегрнал својот син.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Претставникот за медиумите на Афлек изјави за ТМЗ дека немало штета. Работник од застапништвото на фирмата 777 Егзотикс изјавил за „Пост“ дека автомобилите на нивната парцела биле паркирани еден до друг.

„Кога Семјуел влезе во автомобилот, одеше напред-назад“, рекол тој и додал: „Имаме малку простор и автомобилите се многу блиску“.

– Никој не е повреден и нема лутина – рекла вработена во фирмата.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини