БЕН АФЛЕК ЛЕЕ СОЛЗИ НА ВЕЧЕРАТА ВО ПАРИЗ Џенифер Лопез го теши (ФОТО)
Холивудската двојка е на меден месец во Париз, откако пред неколку недели се венча во Лас Вегас.
Бен Афлек и Џенифер Лопез го поминуваат медениот месец во Париз, а фоторепортерите не ја пропуштаат можноста внимателно да го следат секој нивни чекор.
Така познатиот актер беше фотографиран на вечера со пејачката по повод нејзиниот 53-ти роденден, а како што можете да видите, Афлек пуштил неколку солзи во текот на нивниот разговор. Набргу по овој емотивен момент, новопечената г-ѓа Афлек го зела во раце, тешејќи го и гушкајќи го цело време.
Happy moments 😍😍😍@JLo @BenAffleck pic.twitter.com/vhiq4kmgD9
— Zineb.jlover_4_ever 💚 (@z_jlover4ever) July 25, 2022
Вечерата полна со љубов и солзи завршила со нивното заминување во хотелот, а како што пренесуваат локалните медиуми, Џенифер и Афлек нашле време да застанат и да разговараат со своите фанови во Париз.
Ben Affleck seen crying on honeymoon with Jennifer Lopez in Paris – https://t.co/YTKqFQol6R pic.twitter.com/U11wEgqAsp
— Imagesum.com – Latest Information Portal (@imagesum) July 25, 2022
Инаку, Афлек и вчера беше хит на интернет, кога се појавија фотографиите како спие сместен во неудобно столче на јахтата.
ФОТО: Твитер