Белгија привремено ја суспендира вакцината Џонсон и Џонсон за лица под 41 година

258

Здравствените власти на Белгија одлучија привремено да ја суспендираат вакцинацијата со Џонсон и Џонсон за лица под 41-годишна возраст откако почина млада девојка.

Пациентката била вакцинирана во странство со Џонсон и Џонсон, по враќањето во Белгија таа е примена во болница каде починала.






Според лекарите нејзината смрт може да е поврзана со вакцината на Џонсон и Џонсон бидејќи таа развила тромбоза веднаш потоа.

Поради ова Белгија одлучи од денеска да не ја употребува вакцината на Џонсон и Џонсон за пациенти под 41-годишна возраст додека не се расветли случајот. Вакцината ќе продолжи сепак да се користи за постари луѓе и за ранливи категории.

Поврзани содржини