Белата куќа се дезинфицира, Трамп привремено ќе работи од подрум (ФОТО)

940

Белата куќа се дезинфицира откако претседателот на САД, Доналд Трамп, се врати од лекување од Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“.

Тој неколку дена беше на болничко лекување откако се зарази со ковид-19.






Трамп беше донесен во Белата куќа со хеликоптер и ќе биде сместен привремено во канцеларија, што се наоѓа на нивото на подрумот, во непосредна близина на болничкото крило во Белата куќа. Просторијата во која ќе биде сместен се наоѓа веднаш до медицинското одделение, кое вклучува просторија за прием, просторија за прегледи и лекарска канцеларија на претседателот.

Работниот кабинет на Трамп инаку се наоѓа на третиот кат во Белата куќа.

Неговата сопруга Меланија, која исто така е позитивна на коронавирус, се лекува во домашни услови во Белата куќа.

Поврзани содржини