Министерот за економија Крешник Бектеши преку Фејсбук информира дека возилата со странски таблички ќе може да се регистрираат со 50 отсто намалени давачки.
– Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави Бектеши на Фејсбук.