Бектеши: Премиер Албанец е порака дека Македонија е силна, обединета и модерна држава
Ги повикавме академците, ректорите, професорите, албанските организации, не само да ја поддржат каузата, туку да дискутираат и да се договориме за идеалниот кандидат за ова позиција која е најважната позиција во државата.
Првиот премиер Албанец треба да биде Премиер на сите. Тој или таа не треба да преставуваат само една политичка идеологија, туку за сите Албанци и за сите други граѓани во Македонија.Со првиот премиер Албанец имаме за цел да ја оставиме во минатото старата епоха и да започнеме нова политичка епоха каде потребите на граѓаните ќе бидат пред партискиот интерес. Со еден премиер Албанец независен и консенсуален, кој нема да и служи на ниту една партија, туку само на граѓаните, рече Фиснике Бектеши, кандидат за пратеник на ДУИ во Шестата изборна единица.
– Ги повикавме академците, ректорите, професорите, албанските организации, не само да ја поддржат каузата, туку да дискутираат и да се договориме за идеалниот кандидат за ова позиција која е најважната позиција во државата. Ние веруваме дека заедно можеме да ја напишеме исторјата и да ја смениме политиката на подобро во Македонија – вели Бектеши.
Таа додаде дека сакаат сериозно да го вклучат цивилното општество и академска заедница во изборот на консенсуален кандидат.ДУИ и лидерот Али Ахмети контактирал со Албанските институции, университетите, НВО-та, претставниците од економијата и другите претставници на цивилното општество, за да се советува во врска со можните кандидати и нивните барања за профилот на тие кандидати.
– Ги повикавме Албанските политички партии да ни се придружат веднаш после завршување на изборите, а вчера ја повикавме и македонската и другите заедници да ни се придружат. Денес, ние повикот го адресираме и до цивилното општество и академската заедница за еден консензуален кандидат Албанец за Премиер. Ова исторвемено е и нашиот повик до сите албански организации да се обединат зад албанската кауза. Сите ние се боревме за рамноправност во измнинатите децении. Сега, ние можеме да го реализираме ова. Обединети и силни, како што сме биле секогаш, ние Албанците за важни прашања – рече Бектеши.
Според неа изборот на премиер Албанец е порака за светот, за Европската Унија дека Македонија не е таа што била порано, дека сега е земја на мирот и на човековите права. Силна обединета и модерна држава –спремна да и се придружи на европското семејство.
– Првиот премиер Албанец е последниот чекор за постигнување на потполната рамнопавност на Албанците кои живеат во Македонија – рече Бектеши.
П