Бектеши откри кој ќе добие државна помош од петтиот пакет мерки
Тој додава дека веќе е утврдено во Владата согласно разговорите со стопанските комори дека ќе продолжи мерката за финансиска поддршка на плати за вработените во приватниот сектор со претходните механизми.
Mинистерот за економија Крешник Бектеши во „10 Минути“ на ТВ21 oткри кој ќе добие државна помош од петтиот пакет мерки на Владата.
Тој вели дека петтиот сет економски мерки ќе има развојна компонента и нема да биде како претходните, имајќи во предвид дека тиe главно беа насочени кон зачувување на работните места, помагање на зголемување на ликвидноста на компаниите, а имаше и компоненти кои придонесоа за зголемување на конкурентноста на одредени гранки на индустријата.
– Развојната компонента ќе биде во насока на тоа компаниите да бидат проактивни, да покажуваат резултати во текот на 2021 година а со тоа секако дека и државата ќе стои позади каде што ќе ги награди на некој начин тие компании кои во нивните извештаи за 2021 ќе имаат позитивни резултати во делот на зголемување на работните места, во исто време и зголемување во делот на приходите – порача Бектеши.
Тој додава дека веќе е утврдено во Владата согласно разговорите со стопанските комори дека ќе продолжи мерката за финансиска поддршка на плати за вработените во приватниот сектор со претходните механизми.
– Ќе биде скалезна поддршка од 14.500 до 21.767 денари, но секако ќе има поддршка и за медиумите, тутунарите, директна поддршка за сите граѓани а посебно за тие категории на граѓани кои повеќе имаат потреба и имаат пониски примања – додава Бектеши.
– Сите компании кои имаа намалување на приходите од 30 отсто па нагоре беа поддржани со финансиска поддршка за исплата на плати, и со тоа ќе продолжиме – посочи Бектеши.
Тој смета дека речиси сите категории на граѓани биле покриени со претходните мерки, а со новиот и дополнително ќе бидат.