Бектеши: Не го менувам ставот за кратење на платите во јавната администрација

434

На денешната прес-конференција на новинарско прашање, министерот Бектеши рече дека останува на својот став кога статува збор за намалување на платите во државната администрација, како што тоа се случува во приватните компании.

– Јас веќе мојот став го кажав. Имавме прилика да ги видиме последните податоци, моментално сме во најповолно сценарио, но да се има во предвид дека креираме и нови мрки и за да ја поттикнеме потрошувачката секако дека ние треба да не направиме такви кратења според мое видување, туку дополнително да даваме средства до граѓаните било да е тоа за приватен или јавен сектор. Неколку пати сме кажале, нема да оставаме ниеден работник што нема да е поддржан и ги повикуваме претпријатијата да даваат плати. За тоа потврдува бројката од над 19.000 апликации во УЈП и над 10.000 барања од самостојни вработени. Мерките на владата даваат резултати, се прилагодени во интерес на сите работници и сакам да ги повикам сите претпријатија да ги исплатат своите работници – одговори Бектеши.

Поврзани содржини
na