Бектеши: Хакерите објавиле стара дата база од пред 7 или 8 години
Тој додаде дека сигурноста на системот во министерството за економија работи перфектно.
По вчерашните информации тека грчките хакери „Силна грчка армија“ упаднале во македонското Министерство за економија и во Министерството за финансии, при што беа објавени мејлови и пасворди на вработените во овие две министерства, министерот Бектеши информираше дека не е направена никакава штета во министерството кое тој го предводи.
– Не е направена никаква штета, затоа што тие мејлови и лозинки се стари. Станува збор за дата база која е користена пред 7 или 8 години, значи повеќето од вработените не се дел од ова министерство. Според информациите кои ги имаме и она што денеска е сработено од страна на ИТ секторот, нема некои податоци кои се тајна, ние во министерството сме транспарентни и ние сами ги објавуваме податоците и не треба никој да хакира мејлови или веб-страната – рече Бектеши.
Тој додаде дека за одржување и обнова на системот ја имаат завршено таа процедура, и повтори дека станува за стара дата-база на податоци која во од била обновена, како и дека сигурноста на системот работи перфектно.