Бектеши: ДУИ ќе има градоначалници во сите општини со албанско мнозинство

ДУИ ја почна консултацијата со граѓаните преку општинските ограноци.

650

На претстојните локални избори ДУИ треба да кандидира градоначалници во сите општини со мнозинско албанско население, почнувајќи од Липково, па се до Струга, и убеден сум дека ќе победи во над 95 отсто од нив, смета министерот за економија Крешник Бектеши.

– ДУИ е политичка партија која е најдобро организирана во Северна Македонија. Тоа го покажуваат резултатите од изборите и резултатите на институциите кои се раководат од страна на претставници на Демократската унија за интеграција. Дополнително, веќе започнавме процес во кој треба да креираме програми за централната и локалната власт. Во локалната власт програмите ќе бидат поконкретни со време и со износ на проектите и ќе се прават во консултација со граѓаните – рече Бектеши во интервју за МИА.






Консултацијата со граѓаните, посочи, веќе започнаа преку општинските ограноци на ДУИ.

– Во зависност од нивниот фидбек ќе ги креираме политиките. Ќе добиеме градоначалници во речиси сите општини со албанско мнозинство во скопскиот, но убеден сум и во полошкиот регион – потенцира Бектеши.

Поврзани содржини