БЕКТЕШИ ДОБИ НОВ 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР Постоела опасност од бегство и влијание на сведоци
Се наведува тежината на делото, опасност од бегство, влијание на сведоци. На оваа одлука ќе доставиме жалба - нагласува адвокатот Еленко Миланов.
Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, потврди за Република неговиот адвокат Еленко Миланов.
Тој објасни дека му е одреден нов 30-дневен притвор на истите околности како претходниот.
– Се наведува тежината на делото, опасност од бегство, влијание на сведоци. На оваа одлука ќе доставиме жалба – нагласува Миланов.
Државниот обвинител Љупчо Коцевски завчера нагласи деа министрите за економија издавале лиценци на дискотеката „Пулс“ врз основа на непотполна документација.