Бекирлија и Битола се сретнаа во скопско Тафталиџе

Во бифе „Тафталиџе“ во ТЦ Алуминка, во Карпош 3, беше промовиран видеоспотот за песната „Од Бекирлија до Битола“, на новото дуо, Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева

1,474

Македонската пејачка и водителка Сузана Турунџиева во бифе „Тафталиџе“ во ТЦ Алуминка го промовираше видео-спотот за првата заедничка песна со нејзината нова пријателка и соработничка, хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова. Станува збор за песната „Од Бекирлија до Битола“.

Музиката за песната ја напиша Роберто Поп Димитров, а текстот е на Огнен Неделковски.






Двете пријателки, Атиџе и Сузана снимија и видеоспот за оваа композиција, која е најава за нивниот прв заеднички албум „Иста судбина“.

А како се трансформираше Атиџе Муратова за промоцијата на спотот, видете самите.

 

 

Поврзани содржини