БЕКИМ САЛИ ДОЈДЕ И СИ ЗАМИНА, ДА ЗАСПИЕ, АКО МОЖЕ… Министерот за здравство скандалозно избега од студиото на Алфа ТВ

Уредникот на „Заспиј ако можеш“, Горан Момироски, вели дека жали за инцидентот предизвикан од министерот. Тој се надева дека Сали не се исплашил од прашањата што на министерот можело да му бидат поставени во интервјуто.

3,389

Министерот за здравство Беким Сали вечерва си заминал од снимање на интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, дознава Плусинфо.

Извори во телевизијата велат дека Сали имал закажано интервју во „Заспиј ако можеш“, коешто требало да биде снимено во 20 часот, а да биде емитувано вечерва во 22.30 часот. Министерот, согласно со договорот со неговиот кабинет и новинарот Горан Момироски, бил пречекан од новинари на Алфа ТВ во 19.30 часот, но во 19.45, наводно навреден од односот кон него, си заминал пред да се сними интервјуто.






Интервјуто било договарано од петокот, поканата била прифатена дури денеска попладне, а пред да дојде во Алфа ТВ, од кабинетот на Сали биле побарани прашања, по што биле испратени дел од прашањата.

Ова е прв случај некој министер да дојде во некоја телевизија и да си замине пред интервјуто да биде снимено.

Уредникот на „Заспиј ако можеш“, Горан Момироски, вели дека жали за инцидентот предизвикан од министерот. Тој се надева дека Сали не се исплашил од прашањата што на министерот можело да му бидат поставени во интервјуто.

Поврзани содржини