Бекам ќе снима филм, преговара со Нетфликс и Амазон

216

Дејвид Бекам, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал, Милан и Пари Сен Жермен, е во преговори со Нетфликс и Амазон за снимање филм за неговиот живот.

Во последно време, компании како Нетфликс и Амазон често снимаа филмови за спортски ѕвезди и имаа многу успех во тоа.






Најновиот пример е одличната серија „Последниот танц“ за животот на НБА ѕвездата, Мајкл Џордан, кој предизвика големо внимание.

Бекам реши да направи филм за неговиот живот, за неговите почетоци во Манчестер Јунајтед, епизоди со Алекс Фергусон, стекнување популарност во светскиот фудбал, неговиот брак со Викторија Бекам, преселбата во Мадрид, Милан и Париз, а подоцна и во САД.

Поврзани содржини