„БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ИНТЕНЗИВНО ГРАДАТ НА АВТОПАТСКИТЕ КОРИДОРИ 8 И 10Д Николоски очекува прв да биде готов автопатот Битола – Прилеп

Имајќи предвид дека вкупната бројка заедно со четвртата делница е 115 км и ако одземеме дека таа делница е 25 км, значи дека од вкупно 90 на 68 километри веќе се работи, вели министерот за транспорт Александар Николоски.

237

Со одлична динамика се градат автопатите на коридор 8 и 10 д, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Тој очекува работите да се одвиваат според планот.

-Делницата Гостивар-Букојчани, популарната Стража има одлична динамика, Битола – Прилеп, исто така оди со одлична динамика. Тетово – Гостивар имаме подготвителни работи, за скоро време ќе одиме и на почеток на работите, а автопатот Требениште – Ќафасан е блокиран од страна на УНЕСКО. Ако го тргнеме Требениште – Ќафасан тогаш напредокот е одличен – вели Николоски.

Тој додава дека е отворен фронт за работа од 68 километри автопат.

– Имајќи предвид дека вкупната бројка заедно со четвртата делница е 115 км и ако одземеме дека таа делница е 25 км, значи дека од вкупно 90 на 68 километри веќе се работи. Мислам дека Битола – Прилеп ќе биде прв завршен, колку и да звучи чудно, втората делница од Гостивар до Букојчани иако е најтешка ќе биде втора, а Тетово – Гостивар иако изгледа најлесен ќе се заврши на крај имајќи предвид дека имаме население на двете страни од автопатот и доста внимателно одиме таму – рече Николоски.

 

Поврзани содржини