📽️ „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ИНТЕНЗИВНО ГО ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА По 3 години треба да се вози по него

Главниот предизвик за исполнувањето на роковите  е деминирањето на теренот, бидејќи треба да се отстранат експлозивни материјали од приближно 500 хектари.

2,389

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на социјалните мрежи сподели видео од градежните работи на автопатот Прилеп – Битола кој е дел од Коридорот 10д.

Оваа делница ја гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ која треба да заврши 40 километри пат за 3 години.






Главниот предизвик за исполнувањето на роковите  е деминирањето на теренот, бидејќи треба да се отстранат експлозивни материјали од приближно 500 хектари.

Досега се обезбедени околу 100 хектари, при што се пронајдени 19.500 потенцијално експлозивни предмети, а отстранети се 200.

Поврзани содржини