БЕГСТВОТО НА ОСУДЕНИКОТ ОД ИДРИЗОВО ГО ОРГАНИЗИРАЛЕ СРЃАН И ИДРИЗ Едниот од СДСМ, другиот од ДУИ, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Коалицијата на криминалот СДСМ/ДУИ мора да одговори дали со Срѓан „со шефот до крај” Димитриевски, главна улога во сценариото за бегството на осуден убиец има и Идриз Асани, затворски полицаец од Студеничани.

Ова го изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Дали коалицијата Димитриевски-Асани е главeн организатор или само извршител на ова бегство? Дали Идриз Асани е член на ДУИ и десна рака на заменик-директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи, претседател на огранокот на ДУИ во Студеничани? Дали Срѓан Димитриевски и Идриз Асани работеле сами, или сепак одлуката за бегството е донесена на повисоко ниво? Дали зад бегството постои уште една порака „со шефот до крај“? – праша Стоилковски.
Македонија ја претворија во територија на мафијата, на криминалците, на убијците, а затворската администрација ја наполнија со партиска војска, обвини тој и додаде:
„Затворски казни издржуваат само оние што немаат врска со мафијата, со Спасовски, со Зечевиќ, со СДСМ-ДУИ коалицијата на криминалот и корупцијата. Додека царува криминалот, затворите служат за политички пресметки!