БЕГАЛ ОД ИНТЕРПОЛ, АМА СТИГНАЛ САМО ДО „БОГОРОДИЦА“ Криминалец од Полска „падна“ во Македонија

Известен е јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава против лицето за сторено кривично дело фалсификување исправа, наведено е во полициското соопштение.

359

Денеска во 15.20 часот на Граничен премин Богородица, на влез во Република Македонија се пријавил К.Г.П. (36) од Полска, кој при контролата приложил фалсификувана полска лична карта, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Направени се дополнителни проверки преку Секторот за меѓународна полициска соработка, при што е утврдено дека лицето е предмет на меѓународна потрага од страна на Интерпол Варшава. Известен е јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава против лицето за сторено кривично дело фалсификување исправа“, наведено е во полициското соопштение.

Поврзани содржини