Бебето заболено од ковид-19 било само еден час во градинка

Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска рече дека согласно насоките на здравствените власти, вклучена е и епидемиолошката служба, ставени се во изолација сите во групата (јаслената група) во којашто било сместено детенцето како и воспитувачот и негувателот согласно протоколот и направена е вонредна дезинфекција на градинката.

529

Заразеното 15-месечно дете престојувало во градинка само еден час на 9 септември. Следните денови родителите не го донеле, а вчера ја известиле градинката дека покрај целото семејството и детето е позитивно на ковид -19, информира министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска.

Министерката рече дека согласно насоките на здравствените власти, вклучена е и епидемиолошката служба, ставени се во изолација сите во групата (јаслената група) во којашто било сместено детенцето како и воспитувачот и негувателот согласно протоколот и направена е вонредна дезинфекција на градинката.






– Како Влада кога ги носиме одлуките, свесни сме за ризиците што можат да произлезат од целиот овој процес. Не ни е целта кој било да го доведеме во опасност, неговото здравје да биде ставено во ризик. Будно ја следиме состојбата. Нашата цел е навремено да реагираме со вклучување на сите чинители кои го чинат тој синџир на носители на одлуки, на учесници во спроведувањето на тие одлуки или корисници на тие одлуки – рече Шахпаска

Поврзани содржини