БЕБЕ НЕ ЈА ИЗДРЖА БИТКАТА СО ЗЛОБНИОТ ЕНТЕРОВИРУС Во загрепска клиника почина новороденче, уште осум се заразени
Според информациите бебето уште од првиот ден на инфекцијата било во тешка состојба, а лекарите со сите сили се труделе да му го спасат животот.
Новороденче кое поради ентеровирус итно беше пренесено од општата болница „Д-р Анѓелко Вишиќ“ на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб денеска почина. Според информациите бебето уште од првиот ден на инфекцијата било во тешка состојба, а лекарите со сите сили се труделе да му го спасат животот.
– За жал, можам да потврдам дека бебето почина. Иако во одредени моменти изгледаше како да се подобрува, за жал здравствената состојба се влоши – изјави директорката на Општата болница Бјеловар, Санела Грбаш Братковиќ.
Станува збор за бебе кое од почетокот било во најтешка состојба бидејќи добилo миокардитис од ентеровирус. Инаку, од ентеровирус се разболеле осум новороденчиња родени во родилиштето во Бјеловар.
– Ситуацијата се смири, нема повеќе пациенти. Тестирањето се врши редовно, но нема нови инфекции. Немаме ниту хоспитализирани пациенти – рече Грбаш Братковиќ.