Бејл не сака да се врати во Англија

Велшанецот со години се поврзува со враќање во Премиер лигата. Тој во последниве недели се поврзува со неговиот поранешен клуб Тотенхем и Њукасл.

225

Герет Бејл не сака да се врати во Премиер лигата и најверојатно ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Ова го сподели агентот на велшкиот репрезентативец Џонатан Барнет.

Триесет-годишниот играч долго време се поврзува со враќање во Англија, откако во Шпанија објавија за затегнати односи меѓу него и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.






Герет Бејл речиси се приклучи на кинески тим минатото лето, но договорот пропадна во последната минута.

– Тој има многу пријатен начин на живот. Не гледам зошто тој не треба да продолжи во Реал Мадрид – вели агентот.

Велшанецот со години се поврзува со враќање во Премиер лигата. Тој во последниве недели се поврзува со неговиот поранешен клуб Тотенхем и Њукасл.

– Како што секогаш сум велел, Гарет е среќен во Мадрид. Тој сака да го контролира својот живот. Финансиски, тој нема за што да размислува до крајот на животот, како и неговите деца и внуци. Тој има освоено скоро сè на светот освен Светскиот куп, но за жал игра за Велс, па некои работи не зависат од него. Гарет освои се друго и би било неверојатно да се врати во Премиер лигата. Мислам дека не сака да го стори тоа сега. Тој е среќен што игра за Реал Мадрид – изјави Барнет.

Откако се приклучи на Бернабеу во 2013 година за рекордни 85 милиони фунти, Герет Бејл четири пати ја освои Лигата на шампионите, како и Ла Лига и Кралскиот Куп по еднаш. Велшанецот додаде три титули на Светското клупско првенство во својата колекција, исто толку Суперкупови на УЕФА и еден Шпански Суперкуп.

Поврзани содржини