Беќаровски: Зарем и самите кренавме раце од себе?
Во март 2021 година, вели Беќировски, највисок чин на патриотизам е придржување кон сите протоколи.
Дали белата раса е позасегната од вирусот, дали староста на населението, дали густината на населението и уште многу други дали ќе се поставуваат, но факт е дека секој 600- ти европеец ја загуби битката со невидливиот ѕвер. Ова прашање го поставува доктор Нико Беќаровски во пост на фејсбук.
Тој вели дека бројката на починати европејци од ковид-19, ја надмина магичната бројка од 1.000.000, со што се потврди дека Европа е најзасегната од оваа пандемија.
„За жал иако општествено сме многу, многу далеку од Европа и ЕУ, сепак географски сме и ние во големата европска ковид каша.Од вчера започна да се полни со ковид пациенти и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Инфективно, кожно, очно, ушно, ТБЦ, Трауматологија и сите интерни клиники веќе подолг период се ковид одделенија. Целиот клинички центар стана еден голем ковид стационар, кој полека но сигурно ги пополнува и последните слободни легла. Секој ден починуваат дваесетина наши граѓани, сега засега во болниците, но прашање на денови кога смртта ќе завладее по улиците. Секој 500-ти граѓанин на земјава не е повеќе меѓу нас како резултат на вирусот. Замислете дека од картата на земјава е збришана една цела Македонска Каменица, или еден Демир Хисар, или едно Пехчево или Македонски Брод итн.“, пишува Беќаровски.
Тој забележув и дека нема вакцини, а вирусот станува се позаразен, повеќе не разликува млад од стар.
„Колку тој станува поопасен, толку сме ние понеодговорни. Во маркетите повеќе не се води сметка за растојание, број на муштерии, дезинфициенси, угостителските објекти се полни во затворениот дел, а празни во отворениот, за банките, автобусите, фабриките подобро да не спомнувам“, пишува тој и се прашува:
„Зарем навистина имаме толку изразен нагон на самоуништување? Ако владата решила по секоја цена да прави попис, ако градоначалниците трчаат да продадат уште некоја градежна маркица, зарем и НИЕ самите ДИГНАВМЕ РАЦЕ ОД СЕБЕ. Нагонот за живот е еден од најаките човечки нагони, или тоа не важи за македонецот. Зошто се предадовме ?? Зошто со својата неодговорност, ги загрозуваме и одговорните ?? Каде исчезна солидарноста, почитта кон комшијата ?? Ако Вие сте уморни од придржување кон толку едноставни мерки, ние сме претепани од безуспешни обиди за лечење на последиците од Вашата неодговорност“, пишува Беќаровски.
Во март 2021 година, вели Беќировски, највисок чин на патриотизам е придржување кон сите протоколи.
„Секој од нас може да биде херој, патриот, но и … “, пишува на крајот Беќаровски