📷 БАСТИЈАН ШВАЈНШТАЈГЕР ФОТОГРАФИРАН СО РУСОКОСА НА ПЛАЖА Среде разводот со Ана Ивановиќ, фудбалерот ја покажа новата девојка

Германските медиуми со недели пишуваат за разводот на поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, а сега германскиот весник „Билд“ објави фотографии на кои тврдат дека Бастијан се држи за раце со мистериозна русокоса.

2,381

Германските медиуми со недели пишуваат за разводот на поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, а сега германскиот весник „Билд“ објави фотографии на кои тврдат дека Бастијан се држи за раце со мистериозна русокоса.

Ана Ивановиќ не се огласуваше во врска со натписите на германските медиуми, а на социјалните мрежи редовно објавува фотографии на кои е насмеана.






Инаку, „Билд“ го објави текстот со коментар дека врската на Бастијан и Ана за жал е завршена, но дека има нова девојка со која е на Мајорка.

Бастијан беше фотографиран на плажа со својата нова девојка, како што тврди „Билд“, а на фотографиите што ги објавија, тие се држат за раце и уживаат на плажа, многу интимно.

 

Тенисерката и фудбалерот имаат три деца и со години беа познати како еден од најхармоничните познати парови кои го чуваат приватниот живот за себе и уживаат во мирна, семејна идила. Сепак, како што стојат работите сега – Ана и нејзините деца живеат во вила на Мајорка, каде што сите живееја заедно, додека Бастијан одамна се исели од нивниот заеднички дом.

Бракот на Бастијан и Ана отсекогаш изгледаше хармоничен, а во 2016 година двојката направи венчавка во Венеција. Потоа, според медиумите, потпишале предбрачен договор. Според информациите од тоа време, Ана и Бастијан потпишале документ пред бракот со кој секој од нив го задржува имотот стекнат пред да влезат во заедницата.

 

 

Поврзани содржини