Барселона по грешка му исплатила 10 милиони евра на Нејмар, сега си ги бара парите назад

Како што објавија медиумите во Шпанија, половина од долгот клубот мора да го врати до крајот на сезоната, па поради тоа Барселона интензивно преговара со фудбалерите околу нивното намалување на платите.

380

Шпанскиот фудбалски клуб Барселона се наоѓа во многу лоша финансиска криза, а долгот изнесува дури 802 милиони евра.

Како што објавија медиумите во Шпанија, половина од долгот клубот мора да го врати до крајот на сезоната, па поради тоа Барселона интензивно преговара со фудбалерите околу нивното намалување на платите.






Но, тоа што денеска како бомба одекна во спортските медиуми е дека Барселона го контактирала својот поранешен играч Нејмар, а причината е повеќе од бизарна.

Имено, додека Бразилецот бил нивен играч, клубот по грешка му исплатил 10.2 милиони евра, па сега си ги бара тие пари назад.

Засега нема никаков одговор од Нејмар.

Поврзани содржини