Барние: Разговорите со Велика Британија се на клучната точка

ЕУ останува посветена на чесен, реципрочен и избалансиран договор, напиша Барние

280

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, денеска изјави дека разговорите со Велика Британија за трговскиот договор по Брегзит денеска се наоѓаат на клучната точка и дека преговорите продолжуваат.

– Во овој клучен момент од преговорите, продолжуваме напорно да работиме со Дејвид Фрост (преговарачот од Велика Британија) и неговиот тим – напиша Барние на Твитер, јавија британските медиуми.






– ЕУ останува посветена на чесен, реципрочен и избалансиран договор, напиша Барние, истакнувајќи дека ЕУ го почитува суверенитетот на Велика Британија и истото го очекува од другата страна.

– И ЕУ и Велика Британија мора да имаат право да воспостават свои закони и да ги контролираат своите води. И едните и другите треба да бидеме во можност да дејствуваме кога станува збор за нашите интереси – додаде тој.

Поврзани содржини