БАРЕЛОТ ПОСКАПЕ Брентот достигна цена од 92,4 долари

Американската лесна нафта поскапе за 73 центи на 86,34 долари за барел. 

211

Цените на нафтата денеска се зголемија во очекување на економските резултати на кинеската економија, по најавата за државната поддршка.

Цената на нафтата Брент порасна за 85 центи на 92,48 долари за барел, што е за о,9 отсто зголемување. Американската лесна нафта поскапе за 73 центи на 86,34 долари за барел.






Порастот на цените беше предизвикан по изјавата на кинескиот претседател Си Џинпинг на конгресот на кинеската Комунистичка партија дека властите ќе спроведат политики за помош на економијата, давајќи надеж дека побарувачката за нафта може да се зголеми.

Поврзани содржини