БАРДИ СЕ СЕЛИ ВО ИТАЛИЈА? Македонскиот капитен ќе игра во Серија А, еве во кој клуб
Торино сакаше да го купи Барди и пред две години, но не успеа во својата намера, па сега повторно ќе си ја проба среќата.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди најверојатно ова лето ќе ја напушти Турција.
Според турските медиуми, за Барди има интерес од италијанскиот прволигаш Торино, коj веќе испратил понуда.
Торино сакаше да го купи Барди и пред две години, но не успеа во својата намера, па сега повторно ќе си ја проба среќата.
Во 2021 година Торино направил обид да го купи македонскиот репрезентативец, но Леванте тогаш побарал сума од 15 милиони евра, а тоа било премногу за Италијанците.