БАРАМ ПРАВДА, НЕ МИЛОСТ Боки 13 побара од Апелација да добие фер судење

192

Вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми на денешната јавна седница во Апелација предложи на обвинетата Јасна Ерцеговиќ да ѝ биде прифатена жалбата за делото измама, но не и за перење пари. За преостанатите обвинети Рустеми предложи судот да им ги одбие жалбите, а на Фросина Ременски да ѝ биде потврди првостепената ослободителна пресуда

Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, и неговите бранители на денешната јавна седница побараа Апелацискиот суд да ја укине првостепената пресуда со која тој во случајот е осуден на деветгодишна затворска казна.






Тој побара фер судење во кое ќе може да ја докаже својата невиност, но доколку така одлучи Апелација ќе биде задоволен и со мериторна ослободителна пресуда на второстепениот суд, пренесува ТВ Телма.

– Согласен сум со образложението на моите бранители. Единствено што барам е да имам можност за фер судење, не милост, пред непристрасен суд каде што на фер начин ќе може да се докаже мојата невиност – изјави Јовановски за телевизија Телма. 
Поврзани содржини