Барак Обама уште во 2014 година ги предупредил Американците на епидемија

Изминативе денови во медиумите испливала снимка од 2014 година на која се наоѓа претходникот на Трамп, Барак Обама, објави „Телеграф“.

1,899

Додека целиот свет се бори со пандемијата на коронвирусот, посебни критики се упатени на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, како што се чини, опасноста не ја видел на време, па денеска САД е најголемото жариште на овој вирус.

Изминативе денови во медиумите испливала снимка од 2014 година на која се наоѓа претходникот на Трамп, Барак Обама, објави „Телеграф“.






На таа снимка Обама во говорот ги наведува точните мерки кои САД би ги преземале во случај на епидемија како што е оваа. Говорот го одржал во декември 2014 година, откако на светот му се заканила еболата.

Обама тогаш зборувал пред Националниот институт за здравје и ја пофалил нивната работа во превенцијата на оваа болест, а од Сенатот побарал дополнителни финансии.

– Средствата кои ги бараме се потребни за да продолжи засилувањето на нашите капацитети дома, за да можеме да одговориме на сите идни случаи на ебола. Потребно ни е да соработуваме со други земји за да ги спречиме и да се соочиме со идните епидемии и закани, пред тие воопшто да станат епидемии. Имавме среќа со H1N1, кој не се покажа како смртоносен. Не можеме да кажеме дека имаме среќа со еболата, бидејќи очигледно има деструктивни последици на западот на Африка, но не се пренесува преку воздух. Можеби ќе дојде време кога во воздухот ќе имаме смртоносна болест, а за да се занимаваме ефикасно со тоа, мора да воспоставиме инфраструктура, не само тука дома, туку на глобално ниво, која ќе ни овозможи да ја изолираме брзо, да ја видиме брзо и брзо да реагираме. Така, ако некогаш се појави нов вид на грип, како шпанскиот грип, за пет или за десет години, ние сме инвестирале и сме во состојба да го фатиме – рекол тогаш Обама.

Инаку, во САД се забележани над 560.000 случаи на коронавирус, а умреле повеќе од 22.000 луѓе.

Поврзани содржини