Управата за хидрометеоролошки работи за утре прогнозира многу топло време со максимална температура од 38 степени.
Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 26 до 38 степени.
„Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи“, прогноизираат од УХМР.