БАРАЊАТА ЗА СРБИЈА СЕ ТЕРИТОРИЈАЛНИ, ЗА МАКЕДОНИЈА НАЦИОНАЛНИ Вучиќ вели дека во Давос никого не го интересира правото, туку моќта

(Падот на ентузијазмот) пред сè се должи на политичките барања што доаѓаат, а се однесуваат или на националниот идентитет или на територијалното прашање, изјави Вучиќ.

4,107

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за РТС од Светскиот економски форум во Давос во Швајцарија изјави дека конференцијата станала клуб на истомисленици кои се грижат самомо за својот интерес и моќ, а не ги интересира меѓународното право, пренесува Б92. Тој ги спореди барањата за Македонија и Србија за влез во ЕУ како национални, односно територијални.

– Секако, зборуваа претставниците на сите земји, плус претставникот на привремените институции во Приштина, а она што беше јасно е дека има пад на ентузијазмот за влез во ЕУ во земјите од регионот, особено во Северна Македонија и Србија. Ова пред сè се должи на политичките барања што доаѓаат, а се однесуваат или на националниот идентитет или на територијалното прашање – изјави Вучиќ.

Поврзани содржини