БАРАЊАТА ОД ЦАРИГРАД НЕ СЕ ТОЛКУ ГОЛЕМИ Никој од нас не бара да го смениме Уставот и да го смениме името – владиката Пимен контра архиепископот Стефан

Тие беа трите услови – околу употребата на името, прашањето на имотите во дијаспората и сослужувањето со Украинската црква. Не се толку тешки тие работи, мислам дека со разговори може да се решат тие прашања - вели владиката Пимен.

717

Барањата од Вселенската патријаршија за добивање томос за автокефалност не се толку големи за да не може да се најде решение и тоа не е ништо ново, изјави европскиот владика г. Пимен.

– Тие беа трите услови – околу употребата на името, прашањето на имотите во дијаспората и сослужувањето со Украинската црква. Не се толку тешки тие работи, мислам дека со разговори може да се решат тие прашања – вели владиката Пимен.






Владиката вели дека, колку што знае, од нашата црква не се бара да го промени сопствениот Устав и да не се нарекува Македонска црква.

– И навистина не смееме да ја изгубиме таа придавка од нашето име. Ние секогаш ќе си бидеме Македонска православна црква, кој како сака нека нѐ ословува. Значи, не се бара од нас, бараме колку што сум информиран јас, да направиме промена на Устав и да го промениме ние нашето име, туку само во меѓусебните релации да го користиме, кога се обраќаме до Цариградскта патријаршија, да се обраќаме како Охридска архиепископија – вели владиката.

Тој истакнува дека и нему не му е познато зошто е ригиден ставот на МПЦ-ОА кон признавањето на Украинската црква и зошто Светиот синод би имал потреба да анализира. Можеби, вели, затоа што има извесен однос на сочувство кон Руската црква, но смета дека и тоа прашање е решливо.

За прашањето на отстапувањето на имотите во дијаспората, г. Пимен вели дека тоа се имоти на црквата изградени од дијаспората, некои цркви се стари и еден век, за разлика од Украинската црква која нема имоти во дијаспората. Но, нагласува, и тоа не се бара изрично.

– Можеби изгледа прифатливо сега во неколкуте години кога многу Украинци се раселија низ светот некој да им даде црковни имоти. Но за нас тоа е неприфатливо нешто што се градело во минатото да се даде како на тацна. И ниедна црква не би дала свој имот. Архиепископот даде дообјаснување дека доколку сите други цркви би прифатиле да ѝ ја отстапиме дијаспората на Цариградската патријаршија, дека и ние би се вклучиле во тоа. Но, не е до толку страшно прашањето, затоа што не се бара отстапување на имотот. Се бара само начин како би им се признала нивната чест во православниот свет, на прво место. И верувам дека понатаму ќе ги разрешиме сите прашања и ќе бидат надминати – нагласи епископот европски, г. Пимен.

Европскиот владика беше дел од државно-црковната делегација, којашто ја предводеше шефицата на државата Гордана Сиљановска-Давкова, а која на 24 Мај, на празникот на Св.Кирил и Методиј, се поклони на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“ во Рим. Претседателката Сиљановска-Давкова порача дека Свети Кирил е значаен бидејќи нè обединува со словенските народи.

ТРИТЕ УСЛОВИ НА ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА Бараат од нас да се откажеме од името, предупреди поглаварот Стефан

Поврзани содржини