„ЈСП ТУРС“ Е ПРЕД БАНКРОТ? Сите претпријатија предводени од ВМРО-ДПМНЕ се пред колапс, обвинува СДСМ

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ добива власт ги урнисува институциите и претпријатијата, ги задолжува граѓаните, на сметка на лично богатење на партиски функционери, реагираат преку соопштение од СДСМ.

274

Од СДСМ со обвинување дека „ЈСП Турс“ со месеци нема директор затоа што членовите на Управниот одбор на Јавното сообраќано претпријатие кои се членови и на ВМРО-ДПМНЕ не назначуваат директор.

„Дали тоа се прави намерно за ЈСП Турс да влезе во стечај и да пропадне треба да одговорат од Белата палата. Една и пол година раководење од кадри на ВМРО-ДПМНЕ, ЈСП како и други јавни претпријатија се едвај функционални, партизирани и пред колапс. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ добива власт ги урнисува институциите и претпријатијата, ги задолжува граѓаните, на сметка на лично богатење на партиски функционери“, реагираат преку соопштение од СДСМ.

Поврзани содржини