БАЛКАНЕЦ СТАНА ХИТ НА ТИКТОК Ечи фолк музика додека прасе се врти на ражен во Германија
Прсето се вртеше со помош на електромотор, додека под него беа поставени две електрични скари. Во позадина секако ечи народна музика. Снимката наводно била направена на Божиќ, барем судејќи според хаштаговите под објавата.
Видео на кое Балканец наводно врти прасе на балкон во Германија стана хит на TикТок. На крајот од балконот тој ставил алуминиумска фолија, а над прасето поставил чадор за да не можат соседите љубопитно да ѕирнат што точно се случува.
Прсето на ражен се вртеше со помош на електромотор, додека под него беа поставени две електрични скари. Во позадина секако ечи народна музика. Снимката наводно била направена на Божиќ, барем судејќи според хаштаговите под објавата.
„Добра идеја“, „Тоа царе“, „Треба веднаш да ти дадат докторат“, „Овој лик го надмина системот“, „Еве што се случува кога на Балканец му е досадно“, „Ќе има голема сметка за струја, но сепак секоја чест“, се само дел од коментарите.
Некои напишаа дека видеото е старо неколку години, па не е сосема јасно кога точно е направено, но тоа не спречи илјадници луѓе да им се допадне.
@kimba_junior Ražanj u Njemačkoj 🐷😂#dijaspora #njemacka #bozic #badnjidan #balkan #svinja #odojak #rostilj #grill #fyp ♬ Originalton – Stipo B.