БАГДАД ПОТОНА ВО ПОРТОКАЛОВ ПЕСОК Стотици граѓани побараа лекарска помош (ВИДЕО)

Намалената видливост ги запре и сите авионски летови од и до ирачката престолнина.

366

Неколку региони во Ирак беа погодени од силна песочна бура, а стотици граѓани побараа лекарска помош поради проблеми со респираторниот систем.

Намалената видливост ги запре и сите авионски летови од и до ирачката престолнина.






Снимките од улиците на Багдад покажуваат дека целиот град е обвиен во портокалова боја.

Бурата предизвикала проблеми и во други делови од земјата. Болниците во Наџаф примиле 63 лица кои имале респираторни проблеми.

Во провинцијата Анбар, на западот на земјата, уште 30 лица се јавиле во болниците, пренесува „Гардијан“.

Поврзани содржини