Бабовски: Исплатата ќе се врши во четири дена во банка, а од банкомат во понделник

Бабовски истакна поради вонредната состојба исплатата ќе се одвива во четири последователни групи.

3,259

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски рече дека се подготвени списоците за исплата на субвенциите, како и дека се доставени до трезорот и денеска веќе се извршени исплатите.

Бабовски истакна поради вонредната состојба исплатата ќе се одвива во четири последователни групи.






Сите корисници на финансиска поддршка за тутунот кои немаат платежни картички, а презимињата им почнуваат со буквите А, Б, В, Г и Д, средствата од шалтер во банка ќе можат да ги подигнат веќе од вторник – 21 април.

На фотографијата се другите денови на оние кои кога ќе можат да ги земаат од банките.

Додека оние кои имаат платежни картички, готовината ќе можат да ја подигнат во понеделник (20 април) во период од 16 до 23 часот, а нивното движење ќе биде обезбедено за што ќе биде известено и министерството за внатрешни работи.

– За произведен и предаден тутун од реколтата 2019 кај регистрирани откупувачи на сметките на 19.050 субјекти се исплатени 1.847.580.261 денар. Овие средства се добредојдени за сите оние кои предале тутун, но и за целата домашна економија – изјави Николче Бабовски.

Поврзани содржини