Баба (79) водач на криминална група, заврши во затвор за шверц на кокаин!

Криминалната група имаше јасна хиерархиска структура, каде 79-годишна жена ја извршуваше функцијата водач на групата- се наведува во соопштението на Цивилната гарда.

522

79-годишна државјанка на Шпанија беше уапсена како организатор на операцијата на криминална група, која шверцувала кокаин во пратки со корали, од Латинска Америка до Европа, објави денеска шпанската полиција.

Цивилната гарда соопшти дека тројца членови на криминалната група работеле со увоз на корали во Шпанија од Доминиканска Република преку Португалија и дека контејнерите биле модифицирани за шверц на кокаин во тајни прегради, пишува Ројтерс.






– Криминалната група имаше јасна хиерархиска структура, каде 79-годишна жена ја извршуваше функцијата водач на групата- се наведува во соопштението на Цивилната гарда.

Жената со двајца други Шпанци, на возраст од 26 и 60 години, беше уапсена во Португалија за време на операцијата предводена од шпанската цивилна гарда, националната полиција и португалската судска полиција.

Криминалната група го привлече вниманието на полицијата кога се обиде да собере пари од други криминални групи за нелегална трговија.

Поврзани содржини