БАЈРУ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, МАКРОН ПРЕД ТЕШКА ОДЛУКА Францускиот Парламент ја урна владата, земјата добива нов премиер

Парламентот изгласа недоверба со 364 гласа „против“ и само 194 „за“, Франција ќе добие петти премиер за помалку од две години или ќе оди на предвремени избори.

253

Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска официјално поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон, откако неговата влада беше разрешена од Парламентот. Тој ќе продолжи да ја извршува функцијата до изборот на негов наследник.

Разрешувањето на Владата следуваше по гласањето за доверба во Националното собрание, каде 364 пратеници гласаа против владата на Бајру, додека само 194 пратеници ја поддржаа. Со ова, неговиот мандат траеше помалку од девет месеци.






Сега, претседателот Макрон се соочува со одлука – дали да назначи петти премиер за период пократок од две години или да распише предвремени парламентарни избори.

Поврзани содржини