Бајден слета во Женева: Спремен сум!
Откако Бајден го нарече рускиот колега убиец, а Путин му возврати да се погледне во огледало, ова ќе биде нивна прва официјална средба.
„Јас секогаш сум спремен”, рече Бајден на аеродромот во Женева, одговарајќи му на новинар дали е спремен за средбата со Путин.
Бајден, кој popladnevo пристигна, се ракуваше со претседателот на Швајцарија, Гај Пармелен, а утре во 13 часот на брегот на Женевското езеро 5 часови ќе преговара со Путин.
Откако Бајден го нарече рускиот колега убиец, а Путин му возврати да се погледне во огледало, ова ќе биде нивна прва официјална средба. Тие ќе зборуваат за наводното руско мешање во изборите, билатералните врски, нуклеарната за стабилноста и за други прашања, вклучително и соработката во борбата против Ковид-19 и регионалните конфликти.
За разлика од неговите четворица претходници во Белата куќа, кои се обидоа да создадат добри врски со Путин, Бајден јасно стави до знаење дека градењето лични врски може да има свои граници, пренесуваат американските медиуми.
Што може да се очекува од нивната средба?