БАЈДЕН СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ПО ДИЈАГНОЗАТА ЗА РАК Откри кои се шансите да се избори со болеста

Ќе земам една таблета во следните шест недели, а потоа друга. Се очекува дека ќе можеме да го победиме ова, истакна поранешниот американски претседател.

299

Поранешниот американски претседател Џо Бајден се појави во јавност за првпат откако објави дека боледува од карцином на простата. Во Меморијалниот парк на ветераните во Делавер, 82-годишниот Бајден одржа говор посветен на американските воени херои, при што истакна дека политиката во САД станала длабоко поделена и полна со горчина.

По говорот, Бајден одговори на прашања од новинарите за неговото здравје и порача дека прогнозите се охрабрувачки, пренесува „Гардијан“.






– Се чувствувам добро. Прогнозите се добри. Сѐ решаваме. Напредуваме. Добро се чувствувам – рече Бајден, додавајќи дека лекарскиот тим е оптимист и дека очекува да го победи ракот.

Тој објасни дека е започнат третманот и дека засега зема терапија во форма на апчиња.

– Ќе земам една таблета во следните шест недели, а потоа друга. Се очекува дека ќе можеме да го победиме ова – истакна Бајден.

 

Поврзани содржини