БАЈДЕН СЕ ФАЛИ ДЕКА „ПОМИНАЛ“ НА ЛЕКАРСКИ „Резултатите ми се исти како лани“

Како што јавуваат агенциите, резултатите од прегледот внимателно ќе се следат бидејќи 81-годишниот претседател се кандидира за уште едне мандат на ноемвриските избори.

637

Американскиот претседател Џо Бајден денеска беше подложен на годишен медицински преглед во воената болница во предградието на Мериленд. Неколку часа по прегледот, тој изјави дека резултатите не се разликуваат од минатата година.

За време на минатогодишниот преглед на Бајден, лекарите објавија дека тој е здрав и „способен да ги исполни своите обврски“.






Белата куќа најави дека ќе објави писмено резиме за рутинскиот годишен медицински преглед на претседателот.

Како што јавуваат агенциите, резултатите од прегледот внимателно ќе се следат бидејќи 81-годишниот претседател бара реизбор на ноемвриските избори.

Медицинскиот преглед се врши додека демократот Бајден и 77-годишниот поранешен републикански претседател Доналд Трамп се подготвуваат да се соочат на претседателските избори на 5 ноември.

 

Поврзани содржини