Џо Бајден новоизбраниот претседател на САД, го сака спортот. Како и за повеќето Американци, приоритет му се локалните спортови, а сака и фудбал, иако предност им дава на другите спортови.
– Мора да присуствувате на Светското првенство во фудбал како би сватиле што тоа значи, вели за „NBC Sports“ Бајден, кој присуствувал на церемонијата за Светското првенство во 2014 година и додал:
– Тоа е најнеобично спортско случување на кое сум присуствувал, а сум следел илјадници. Тоа случување се чувствува во воздухот, таква енергија никогаш не сум видел.
Кога станува збор за тим за кој навива, тоа е Филаделфија јуниор.