Бајден немал време за разговор со Путин

Претседателот веќе имаше разговор со претседателот Путин, немам што друго да ви соопштам, ако зборуваме за идни разговори, претседателот утре е во Џорџија и ќе биде многу зафатен - изјави Псаки на денешниот прес-брифинг. 

916

Белата куќа засега не знае дали претседателот Џо Бајден може во најскоро време да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Путин денеска го повика Бајден на виртуелен дуел што би можел да се оддржи на 19 или на 22 март. 






 Тој утре е зафатен, изјави денеска Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа. 

 – Претседателот веќе имаше разговор со претседателот Путин, немам што друго да ви соопштам, ако зборуваме за идни разговори, претседателот утре е во Џорџија и ќе биде многу зафатен – изјави Псаки на денешниот прес-брифинг. 

Завчера, на прашање од новинар за време на интервју за телевизијата Еј-Би-Си дали тој смета дека Путин е убиец, Бајден одговори потврдно и се закани дека „тој ќе плати висока цена“ за поткопувањето на изборниот процес во САД. 

Путин излезе со повеќе конкретни изјави во врска со директната квалификација од страна на Бајден, не покажувајќи слабост да возврати и денеска го повика неговиот американски колега на виртуелен дуел. 

Поврзани содржини